Поскап зеленчукот во јули
Цените на зеленчукот во јули биле поскапи од истиот месец лани. Но сепак кај нас е наефтио. Во хрватска пиперките се продавале и до 114 денари за килогам.

Цените на земјоделските производи во првата половина на јули бележат пораст во однос на истиот период минатата година.
Најмногу поскапеле доматите до 31, благите пиперки 8, краставиците 5 и дињите до 25 проценти. Помало поскапување, пак, имало кај сливите од 3 и лубениците од 2 проценти.
Компирите се купувале поефтино и тоа за 32, кромидот за 23 и праските за 18 отсто.
Ова се највисоки цени во последните три години на зеленчукот.
Истовремено во регионот,во истиот меец доматите се движеле од 42 во Србија до 87 денари за килограм во Хрватска. Пиперките биле најскапи во Хрватска 114,а лубениците се продавале по 55 денари за килограм.
Методија Трајков
