Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со локален дожд

22.08.2025 08:02

Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме...

Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме.

Температурата наутро ќе биде од 12 до 20 целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 37 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.