Зголем бројот на заболени од жолтица во Скопје
Центарот за јавно здравје денес информираше дека во последните 10 дена на територијата на Скопје се регистрирани 21 случај на лица заразени со жолтица, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 66.
Oд заболените најголем број се во Шуто Оризари 21, во Карпош 8, Чаир 6, Центар 7, Кисела Вода 5, Гази Баба 3, Аеродром 9, Илинден 2, Ѓорче Петров 3, Бутел 2 случаи.
По направената анализа денеска во Скопје е пријавена епидемија на заразна жолтица заради зголемениот број на пријавени во периодот јули-август.

Од извршените увиди, ЦЈЗ информира дека во четири семејства има заболено и по два члена, од кои две семејства се од Шуто Оризари, а и по едно од Карпош и Аеродром. Во едно семејство од Шуто Оризари, заболени од жолтица се дури три члена. Останатите случаи, според ЦЈЗ се епидемиолошки неповрзани.
„Постои можност зголемениот број на лица заболени од заразна жолтица да се должи на интензивните дождови, собирање на атмосферската вода и делумно излевање на канализационата мрежа во општините каде се појавени повеќето случаи. Но, независно од местото на живеење, зголемениот број случаи може да се должи и на недоволно оддржување на лична хигиена (не доволно миење раце) и несоодветно миење на свежоовошје и зеленчук пред конзумација“, велат од Институтот за јавно здравје.
Според возраста, од 2 до 14 години има 23 случаи, од 16-25 години и од 29-40 години по 19 случаи, а од 48 до 55 години има само 5 регистрирани случаи.
Од вкупниот број на заразени, 40 лица се лекувале на Клиниката за инфективни болести и фебрални состојби и Инфективното одделение во ГОБ 8-ми Септември, а во моментов во Клиниката хоспитализирани се 15 лица, кои се во добра здравствена состојба.