Колумбија
Напади во Кали и Антиокија, има жртви и повредени
22.08.2025 09:47
Претседателот Густаво Петро ги припиша двата напади на дисиденти од распуштените револуционерни вооружени сили на Колумбија, попознати како ФАРК...

Во Колумбија загинаа најмалку 17 луѓе, меѓу нив и полицајци во два одделни напади – експлозија на автомобил-бомба во близина на училиште за воена авијација во Кали, и напад со дрон врз полициски хеликоптер во Антиокија кој спроведувал акција за искоренување на посевите со листови кока.
Претседателот Густаво Петро ги припиша двата напади на дисиденти од распуштените револуционерни вооружени сили на Колумбија, попознати како ФАРК.
