Ангелов: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиски интервенции на жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Целиот терен дополнително ќе биде проверен и со дронови со термални камери“, соопшти Ангелов.
Утрово врнежите кои траеја повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“ конечно помогнаа да се изгасне пожарот што беснееше повеќе од десетина дена, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Иако врнеше обилен дожд, на одредени делови од пожарната линија сè уште има чадење.
„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиски интервенции на жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Целиот терен дополнително ќе биде проверен и со дронови со термални камери“, соопшти Ангелов.
Екипи на ЈП „Јасен“ ќе продолжат со постојано патролирање сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.
