Рафиз Фера добитник на меѓународната награда за фотографија “Intercultural Photo Award”
Рафиз Фера, студент по дизјан од Македонија, ја освои меѓународната награда за фотографија „Intercultural Photo Award” основана од МНР на Австрија.
Фера е еден од петте првонаградени учесници на меѓународниот натпревар за фотографија „Интеркултурни средби”, меѓу 35 селектирани фотографии како најимпресивни за жирито од пристигнати 189 фотографии од учесници од различни земји во светот. Фотографиите на Фера, заедно со оние на уште четворица носители на наградата, ќе бидат дел од изложбата што ќе се прикажува на различни места во светот.

Наградената фотографија е насловена „Hole in the City Wall” преку која авторот Фера кажува за Скопје како место кое обединува различни култури и религии од минатото и сегашноста кои комуницираат меѓусебно низ просторот и низ времето.
Фера e апсолвент на одделот за графички дизајн на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје, а покрај со графичкиот дизајн, активно се занимава и со фотографија.