Македонија

​Средба Ѓорѓиевски- Хрицова

22.08.2025 15:40

На состанокот, како што соопштуваат од општината, се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, како и за можностите за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа.

Во просториите на Општина Кисела Вода, се одржа протоколарна средба помеѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова.

На состанокот, како што соопштуваат од општината, се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, како и за можностите за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја информираше амбасадорката за активностите кои ги презема Општина Кисела Вода и ЗЕЛС во насока на подобрување на локалните услуги, нагласувајќи дека искуствата и поддршката од земјите-членки на ЕУ се од особено значење за македонските општини.

Имав чест да бидам домаќин на новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова, со која разговаравме за можностите за споделување искуства и добри практики од ЕУ, кои ќе придонесат за развој на локалната самоуправа во Македонија. Словачка е пријателска земја која поминала низ процеси од кои ние денес можеме многу да научиме. Верувам дека оваа средба ќе биде основа за понатамошна соработка и поддршка, во интерес на граѓаните и подобрување на условите за живеење во општините- изјави Ѓорѓиевски.