Македонија

Државниот инспекторат за земјоделство врши контрола на откупувачите на пиперка во струмичкиот регион

22.08.2025 20:01

Во контролата беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка „Куртова Капија“ во струмичкиот регион.

Во контролата беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот. Согласно утврденото, моменталните откупни цени се: Екстра класа – 50 денари/кг, I класа – 45 денари/кг, I/II класа – 35 денари/кг, II класа - 20 денари/кг, III класа – 12 денари/кг.

Пиперката од струмичкиот регион оваа сезона е со одличен квалитет, а инспекцијата утврди дека откупувачите во најголем дел ги почитуваат законските прописи и правилата за фер и транспарентен откуп.

Директорот Анакиев изјави дека Инспекторатот и во наредниот период ќе продолжи со засилени контроли, со цел заштита на интересите на земјоделците и обезбедување фер услови на пазарот.