42.место за Македонија на клупски план во Европа

22.08.2014 14:08

Резултатите на македонските фудбалски екипи во Европа оваа сезона ја позиционираа нашата земја на скромното 42-то место меѓу 54 држави.  

И оваа година веќе традиционално немаме клуб во квалификациските разигрувања за групна фаза во ЛШ и во УЕФА ЛЕ . Најдалеку отиде Металург кој застана во третото квалификациско коло од Лига Европа.

Овој пласман обебзеди коефициент 1,125 и место пред Данска, Албанија, Црна Гора, Литванија, Ерменија, Велс, Летонија итн.

Според досегашниот учинок на европска сцена, не сметајки ги најдобрите европски лиги, највисоко на листата е Хрватска пред Казахстан и Романија.

Ефектот на нашите клубови во последните пет години, и обезбеди на Македонија на генералниот УЕФА ранкинг, 39-то место во конкуренција на 54 земји. Овој пласман и наредната сезона ни дозволува еден претставник во квалификациите за ЛШ и три во УЕФА ЛЕ.

Работнички на 269-то место останува наш најдоброрангиран состав. Актуелните шампиони на Македонија се пред Металург кој е на 311-та позиција, додека трет е Вардар на 335-то место.

Потоа следуваат: Ренова (351), Шкендија (359), Тетекс (380) и Х.Турново (402), на листата од 455 европски екипи кои во изминатите пет години биле дел од европските фудбалски купови.