Македонија

Старата чаршија нема паркинг места, Калето со смет

22.08.2025 14:03

Стара скопска чаршија и Калето се полни со странски туристи, но и со смет кој ја нагдрува автентичната вредност на овие атрактивни локации во метрополата . Нема ниту доволно паркинг места. Потребна е брза еколошка акција...

Се повеќе туристи на мапата ја одбираат Македонија како атрактивна дестинација, со голем број културни обележја. Но, на секој чекор се соочуваат со потешкотии. Старата скопска чаршија како една од најавтентичните обележја на градот, нема доволно паркинг места. Калето пак е целосно обраснато со бујна вегетација и ѓубре. 500 паркинг места видно би го олесниле пристапот до Старата скопска чаршија вели Меџити.

Поради зголемениот број на туристи, реално се зголемува потребата од нови паркинг места, вели министерот за култура и туризам Љутков.

Просторот во околината на Старата скопска чаршија и на Скопско кале, бил населен уште 4.000 години п.н.е. сведочат археолошките пронајдоци ископани на Скопското кале. Потребно е да се оживее чаршијата, да се подобри пристапот и да се привлечат повеќе туристи и посетители.

Александра Спировска