Мицкоски: Во најскоро време хидросистемот „Ѓавато“ ќе биде целосно оперативен и функционален
Хидросистемот „Ѓавато“ во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален, најави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности за санација на хидросистемот...

Се санираат проблемите со пумпите на хидросистемот „Ѓавато“. Дојранското Езеро е пред нова еколошка катастрофа по повлекување на водата. детектирани се пукнатини на цевки преку кои се полни. Во увид беше и претседателот на владата, Мицкоски.
„Излеговме на самата траса од хидросистемот Ѓавато за лично да се увериме и видиме што се случувало повеќе од две децении откако е направен овој хидросистем за да направиме дијагностика по која потоа ќе постапуваме. Детектирани се места каде има пукнати цевки кои треба да ја донесат водата до базенот од каде со други пумпи водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро“, изјави Мицкоски и додаде дека три четири години хидросистемот функционирал со расипан цевковод.
Порача дека во најскоро време ќе бидат санирани овие дефекти благодарение на општествено одговорна компанија и додаде дека очекува тоа да се случи во наредните неколку дена со што ќе се зголеми капацитетот на вода која ќе доаѓа до резервоарот, од каде со други пумпи ќе биде пренасочена кон езерото.
Известува Ване Трајков
