Телекомуникации

Нов мобилен оператор кон крајот на следната година

22.08.2025 16:11

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор...

„Оне Македонија телекомуникации“ во сопственост на унгарската фирма „Фор-ај-џи“ е единствената компанија која доставила понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобрение за нов мобилен оператор. Комисијата констатирала дека документацијата е целосна, но поради локалните избори конечната одлука за избор на нов оператор ќе биде донесена по завршувањето на изборниот процес. Се очекува да стартува кон крајот на следната година.

Поради локалните избори, конечната одлука за избор на новиот оператор ќе биде донесена по завршување на изборниот процес. Иако документација за учество подигнале три компании, на крај понуда достави само една. Според условите од тендерот, новиот мобилен оператор треба да започне со работа на крајот на 2026 година, а неговиот влез на пазарот се очекува да ја зголеми конкуренцијата и да понуди нови сервиси за граѓаните.

Конкуренцијата е здрава работа, постојните мобилни оператори не направија ништо да ги намалат цените и на ги подобрат услугите за граѓаните – оцени министерот Николоски.

Македонија и Косово со најскапи телекомуникациски услуги во регионот. Во Србија постпејд пакетите се движат од 10 до 25 евра, во Грција до 30 евра најскапите, Албанија од над 10 евра до 20 евра, во Косово претплатата за телекомуникациски услуги е од 10 евра до 43 евра. Во Македонија за постпејд се плаќа и до 50 евра. При пејд пакетите се поевтини, во секоја земја има различни цени кои се движат од 5 па до 25 евра.

Во моментов од европските земји само Македонија и Албанија имаат два мобилни оператори и се обележани со црна боја на мапата поради недоволно развиена конкуренција во оваа област.

Александра Велинова