Почна санацијата на хидросистемот „Ѓавато“
Наредниот период се очекува да бидат оспособени четири пумпи кои ќе црпат вода и ќе се насочат кон Дојранското Езеро. Вака кажа премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на хидросистемот „Ѓавато“.

Почнаа да се санираат дефектите на потопните пумпи и цевководите од бунарското подрачје на хидросистемот „Ѓавато“. На тој начин се очекува да се зголеми дотурот на вода до Дојранското Езеро. Во моментов работат само две од вкупно десет. Премиерот Мицкоски најави дека ќе бидат оспособени дополнителни четири пумпи.
Паралелно екипи на РЕК Битола ќе санираат и две потисни пумпи кои ја туркаат водата низ 22 километарскиот цевковод до езерото, кажа премиерот. Од Министерството за животна средина соопштија дека имаат обезбедено пари за изготвување проект за санација на целиот систем.
Хидросистемот „Ѓавато“ троши околу 2,5 милиони евра годишно за електрична струја што беше и причината за исклучување на пумпите за време на енергетската криза.
Ване Трајков
