МВР
Автомобил удрил во две девојчиња на тротинет, возачот е во бегство
22.08.2025 16:01
Малолетничката се здобила со тешки повреди, а нејзината 12-годишна сопатничка е хоспитализирана со полесни повреди.

Полицијата сè уште трага по возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата која вчера се случи на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје.
Малолетничката се здобила со тешки повреди, а нејзината 12-годишна сопатничка е хоспитализирана со полесни повреди.
МВР преземаа мерки за расчистување на случајот
