Најмалку пет години затвор за учество во странски војски
Македонија го допрецизира Кривичниот законик во однос на учеството на македонските граѓани во странски војски и паравоени формации.со измените што наскоро ќе бидат доставени до Собранието. Секој што учествува, подготвува, финансира или организира поединци или групи ќе биде казнет со најмалку 5 години затвор.

Министерката Јанкуловска појасни дека ова не значи санкционирање на учеството во регуларни странски армии и во мировни мисии предводени од НАТО, Обединетите нации или ЕУ. Надлежните немаат подетални податоци колку македонски државјани учествуваат како платеници во странски војски и вооружени формации бидеејќи досега тоа не се санкционираше.
„Практично целосно се заокружува законската регулатива и на службите надлежни за националната безбедност на располагање им се ставаат многу посоодветни и помоќни алатки за борба против глобалните закани против безбедноста, посебно во делот на борбата против тероризмот“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.