Напади во Јемен, тенкови пред градот Газа
Истовремено, палестинските власти обвинуваат за немилосрдните напади врз Газа додека тенковите се движат кон целосна окупација на Градот...

Најмалку две лица загинаа, десетици се повредени во израелски напад врз главниот јеменски град Сена контролиран од Хутите, како одговор на истреланите касетни бомби кон Израел, првпат по две години. Нетанјаху го потврди, како што рече стратешкиот напад, додавајќи дека Хутите учат на потешкиот начин.
„Воздухопловните сили повторно нападнаа стратешки цели во Јемен. Ја нападнаа претседателската палата во срцето на Сана, електраната на градот и резервоарите за гориво што ја снабдуваат. Терористичкиот режим на Хутите учи на тешкиот начин дека ќе плати и плаќа многу висока цена за својата агресија против Израел“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„За секоја ракета што ќе ја лансираат кон Израел, Хутите ќе плаќаат со камата“, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
Истовремено, палестинските власти обвинуваат за немилосрдните напади врз Газа додека тенковите се движат кон целосна окупација на Градот. Шефот на израелските одбранбени сили Ејал Замир тврди дека има договор за заложници на маса. Вели дека војската ги создала условите за договор, и сега е сè е во рацете на Нетанјаху.
