Европа

Пожарот во Португалија зеде уште една жртва

25.08.2025 09:08

Во земјата и натаму се активни четири големи пожари во централните и северните делови. Над 2.600 пожарникари се обидуваат да ги стават огнените стихии под контрола...

45-годишен пожарникар стана четвртата жртва на шумските пожари во Португалија по здобиените повреди за време на борбата со пламените јазици. Во земјата и натаму се активни четири големи пожари во централните и северните делови. Над 2.600 пожарникари се обидуваат да ги стават огнените стихии под контрола.

Надлежните издадоа предупредувања за многу висок ризик од пожар во голем број општини во внатрешноста на земјата. Досега изгореле речиси 250 илјади хектари.