Уште една негатива

22.08.2014 15:29

За жал го запишаа и 5-тиот пораз во 6 натпревари македонските ракометни надежи до 18 години, во дуел за пласман од 13-тото до 16-тото место. Нашите момчиња беа совладани од Чешка со 27:21, селекција која дојде до првата победа на шампионатот и која ја имаше константната предност на своја страна. Стандардно најефикасен кај нашите Талески со 7 погодоци, Палевски постигна 4, Ончев застана на три, Крстевски на два, а по еднаш беа прецизни, Бошковски, Давитковски, Гроздановски, Маркудов и Ставридис.

Утре останува да се одигра меч за избегнување на дното. Малку важно во целата ситуација. Она што ќе остане како горчина, е фактот што можеше да биде се поинаку. Ако на самиот старт не се прокоцкаше осумте гола позитива и се победеше Русија, ако се славеше и против Исланд триумф рамен на светско, но сево ова паѓа во вода ако на крајот констатацијата вели, дека пласманот е на едно од последните две места.

Можеби во целава оваа губитничка атмосфера гледајќи ги и момчињата предходно на европското до 16 и сега овие, може да се извлече и некоја светла перспектива. По две децении апстиненција конечно некој се сети дека е потребен континуиран настап на овие генерации на вакви собири. Да веруваме дека ќе се фати редот на партиципирање, а со тоа и калење на младите категории, за ако се сака здрава основа на она што утре ќе значи сениорски национален тим.