Македонија

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

25.08.2025 11:46

Ревизорите утврдиле и повторување на исти надградени активности и надградби што не се засноваат на потребите и не ги опфаќаат сите корисници, недостиг од поврзување со Централниот регистар преку интероперабилност, како и високи трошоци и забавување на процесите поради недостиг на интеграција.

Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, се дел од слабостите на системот за интегрирано планирање на ресурсите, што ги утврдиле ревизорите.

Ревизорите утврдиле и повторување на исти надградени активности и надградби што не се засноваат на потребите и не ги опфаќаат сите корисници, недостиг од поврзување со Централниот регистар преку интероперабилност, како и високи трошоци и забавување на процесите поради недостиг на интеграција.

Ваквата состојба влијае на безбедноста, достапноста и точноста на податоците, како и до тешкотии во изготвувањето на финансиските извештаи.

Во Службата за општи и заеднички работи, како што се посочува во ревизорскиот извештај, недостигаат стратешки документи кои ги дефинираат насоките за развој, одржување и надградба на информатичките системи, како и политики и процедури за управување со податоци што, според ревизорите, може да доведе до неефикасно управување и до ранливост од безбедносни закани.