Голема акција на Финансиска полиција – претреси во Липково, Куманово и Желино
Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и кои се сомничат за криминал вреден од над 7 милиони евра.

Голема полициска акција на Финансиската полиција во општина Липково, Куманово и Желино. Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации под сомневање за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други дела поврзани со финансиски криминал.
Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и кои се сомничат за криминал вреден од над 7 милиони евра.
По завршувањето на акцијата се очекуваат повеќе детали.
