ЦУК
Седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
25.08.2025 14:39
Центарот за управување со кризи соопштува дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати …

Седум пожари на отворен простор, два се активни, два се под контрола и три се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во општина Долнени, село Долгаец каде гори мешана шума и општина Крушево на самиот влез, каде гори депонија.
Под контрола се два, во општина Македонски Брод на подрачјето „Јасен“ каде гори мешана шума и во општина Гевгелија на планината Кожуф, каде гори висока шума.
