Финансиска полиција
Истрага за криминал со нафтени деривати
25.08.2025 13:10
Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации поврзани со даночно затајување и измама...

Голема акција на Финансиската полиција во општина Липково, Куманово и Желино. Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации поврзани со даночно затајување и измама.
Според неофицијалните информации, акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и кои се сомничат за криминал вреден над седум милиони евра.
Известува Марија Котовска
