Министерството за култура со поддршка за превод на македонски дела на странски јазици

22.08.2014 16:03

Голем интерес за пријавување на конкурсот за превод на дела од македонски автори на странски јазици. Преводот е еден од условите без кој не може наши дела да бидат објавувани кај реномирани издавачи. Затоа министерството за култура со силна поддршка на проектот.

На почетокот од оваа година, Министерството за култура објави конкурс за странски издавачи, односно за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската култура на други странски јазици. Со ова се очекува да се надминат поранешните проблеми при преводот на наши дела.
 
„Конкурсот ќе биде отворен преку целата година а за истиот е пројавен голем интерес за превод на дела на македонски автори. Досега во Министерството за култура се пристигнати вкупно 36 апликации од издавачки куќи од 15 земји“, рече Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

За академиците активирањето на проектот за превод на македонски дела на странски јазици е знак дека неколкуте потези и концепции за развојот на културата на Република Македонија се добро испланирани.

„Мислам дека нема писател, кој не е задоволен од овој потег, бидејќи знаеме дека во минатото навистина сме наидувале на многу проблеми прво во преводот на нашите дела, а потоа и во објавувањето затоа што преводот е еден од условите без кои не се може нашите дела да бидат објавени во странство и особено кај реномирани издавачи“, подвлече академик Катица Ќулавкова.

Конкурсот за странски издавачи е една од најкрупните реформи во издавачката дејност во Република Македонија. Бројот на апликации се очекува драстично да порасне особено преку промоцијата на овој проект на саемите кои ќе се случат наредните два месеца во Франкфурт и во Гетеборг.

Јованчо Наумоски