Водата во Скопје е безбедна за пиење
Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.08.2025 до 22.08.2025 зема 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје...

Примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје од минатата недела, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
„Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.08.2025 до 22.08.2025 зема 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
