Економија

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците зеле плата под просечната

25.08.2025 19:31

Во мај годинава евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето-плата, од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата...

Во мај годинава евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето-плата, од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и Парламентот се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства кои ниту со две плати не можат да си дозволат ниту да ги обезбедат најосновните услови за живот за своите семејства согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница што е загрижувачки. Во Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно малцинството владее со мнозинството“, велат од ССМ.

Според последниот податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45.468 денар.