Гаши: Немам информација за сценарија подготвени од СДСМ и ДУИ
Африм Гаши на координација на пратеничките групи им доставил декларација за фер и демократски избори. Нема информација за сценарија подготвени од СДСМ и ДУИ, но има индиции и затоа предлага да потпишат декларација. Нов обид за измени во Изборниот законик во однос на прагот за кандидирање на независните на локалните избори, нема да има...

Собранискиот спикер, Африм Гаши, на координација на пратеничките групи им доставил декларација за фер и демократски избори, по што пратениците би гласале на седницата на 12-ти септември за кога се предвидени и пратенички прашања од опозицијата.
Нема информација за сценарија подготвени од СДСМ и ДУИ, нема Собранието безбедносни служби, но како што рече собранискиот спикер, има индиции и токму затоа предлага да потпишат документ кој содржи договорен стандард на однесување, кој сепак не е правно обврзувачки.
Ќе нема нов обид за измени во Изборниот законик во однос на прагот за кандидирање на независните на овие локални избори. Имавме обид за законските корекции, да се види кој е за, а кој против.
Пред изборите нема да биде донесени ниту измените во Законот за локална самоуправа со кои се предвидува преку референдум граѓаните да го отповикаат градоначалникот. Заглавен е и изборот за прв човек на Антикорупциската комисија.
Миле А. Ристески
