ИПР системот во јавните институции со низа недостатоци, потврди ревизијата
Ревизорите утврдиле недостиг на безбедност, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, неажурирани резервни копии. Дел од слабостите се недостиг од поврзување со Централниот регистар, како и високи трошоци и забавување на процесите...

Системот за интегрирано планирање на ресурсите (ИПР) што го користат над 40 институции е без соодветна заштита на податоците, според извештајот на ревизорите.
Утврдиле недостиг на безбедност, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, неажурирани резервни копии. Дел од слабостите се недостиг од поврзување со Централниот регистар, како и високи трошоци и забавување на процесите. Ваквата состојба влијае на достапноста и точноста на податоците, како и до тешкотии во изготвувањето на финансиските извештаи.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вели, во тек е подобрување на безбедноста на системот за интегрирано планирање на ресурсите.
Иако, ИПР системот е имплементиран во 2016 година, сè уште отсуствува правен акт кој ги регулира правата и обврските на Министерството за дигитална трансформација како сопственик и на Службата за општи и заеднички работи на Владата како корисник на системот што, според ревизорите, создава ризик од несоодветно управување со податоците.
Александа Велинова
