Македонија

Дрвокрадците активни, се пустошат шумите

25.08.2025 18:55

И годинава пред стартот на новата грејна сезона останува стариот проблем. Пустошењето на шумите. Се сече без дозволи, привлечни се и опожарените предели. Од национални шуми велат контролите се зајакнати, конфискацијата поголема. Санкционирани се и вработени во самото претпријатие кои соработувале со дрвокрадците.

Стари проблеми во пресрет на новата грејна сезона. Дрвокрадци продолжуваат да ги соголуваат шумите. Се сече без дозволи на различни локации, меѓу нив и на опожарените предели. Полицијата заедно со вработените во Национални шуми периодов во неколку наврати пронајдени количини исечено огревно дрво и незаконски транспорт.

Во последниот случај во село Макреш, Старо Нагоричане дрвокрадци се обиделе да прегазат полициски службеници, одбивајќи да застанат и да им дозволат да извршат контрола на камион. Службениците принуденииспукале предупредувачки куршуми во воздух.

Неодамна при бегство на лица беше уништено и возило на шумската полиција. Од Национални шуми потврдуваат трендот на кражби на огревно дрво не запира, но велат значајно се зголемени конфискациите, што не било случај во минатото. Пријави добиле и вработени во самото претпријатие, кои соработувале со криминалните групи. Дел од нив веќе се суспендирани, добиле прекршочни и кривични пријави. Очекуваат оваа грејна сезона намалување на дрвокрадството.

„Ако од први до шести месец 2024 година во Република Македонија од познат сторител имало некаде околу 165 метри кубни предмети врз основа на кои е направена пресметка и се одземени 43 метри кубни за истиот период 2025 година ако направам споредба имаме само 74 метри кубни што значи е намалена таа бројка на повеќе од пола, но имаме одземено исто толку што значи генерално движиме колку е најдено толку е и одземено“, вели Кире Михаиловзаменик-директор ЈП Национални шуми.

Колкави се загубите на шумите, ќе покажат анализите. Но она што е сигурно пустошот може да предизвика појава на свлечишта, поплави.

Елена Георгиевска