Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици
На средбите стана збор за актуелните состојби во овие јавни здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и целокупно унапредување на условите во интерес на пациентите и на самите здравствени работници.

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари работна средба со директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова, а потоа се сретна и со директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, Дејан Димитровски.
На средбите стана збор за актуелните состојби во овие јавни здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и целокупно унапредување на условите во интерес на пациентите и на самите здравствени работници.
Воедно, на средбите се разговараше за тековните предизвици со кои се соочуваат двете клиники, имајќи предвид дека секојдневно третираат исклучително комплексни и тешки случаи, сооптшуваат од ресорот здравство.
