Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

26.08.2025 08:07

Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од девет до 18 степени, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 34 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.