управен суд
Шеху со тужба за упаството за општински советници
26.08.2025 08:18
Шеху на седницата побара упатството да се донесе со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик, но сепак одлуката беше донесена со пет гласа „за“ и еден „против“...

Членот на Државната изборна комисија од ДУИ, Дитмире Шеху до Управниот суд поднела тужба за упатството што го изгласа комисијата за бројот на општински советници. Шеху на седницата побара упатството да се донесе со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик, но сепак одлуката беше донесена со пет гласа „за“ и еден „против“.
Управниот суд треба да се произнесе во рок од 48 часа. Владината одлука произлезе од пописот во 2021-та година. Го намали бројот на советници во 14 општини.
