Расте притисокот за крај на војната во Украина
Специјалниот пратеник Келог, од Киев нагласи дека се работи напорно на дипломатскиот фронт...

Во момент кога се засилува европската поддршка за Украина, расте и притисокот за крај на војната. Специјалниот пратеник Келог, од Киев нагласи дека се работи напорно на дипломатскиот фронт.
Шефот на Белата Куќа вели дека изминатата недела телефонски разговарал со рускиот претседател Путин по средбата со Зеленски и лидерите на НАТО.
„Секој разговор што го имам со него е добар разговор. И потоа, за жал, бомба е поставена во Киев или некаде, и тогаш многу се лутам. Чудни работи се случуваат во војна. Фактот дека отидовме во Алјаска, нашата земја, мислам дека беше голема изјава дека сака да го заврши ова. Зборуваме и за ракети, за ограничување на нуклеарното оружје. Ќе ја вклучиме Кина во тоа. Би сакале да се денуклеаризираме. Тоа е премногу моќ. И разговаравме и за тоа. Но, мора да ја завршиме војната“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Администрацијата на Трамп признава дека завршувањето на конфликтот е потешка задача отколку неговото започнување.
