ГАЗА

Израел нападна болница, загинаа 20 луѓе

26.08.2025 08:45

Израелската војска изврши напад врз болницата Насер, а потоа повторно го гранатираше објектот, додека новинарски екипи и спасувачи се упатуваа кон местото на настанот...

Израел жали за жртвите во нападите врз главната болница во јужна Газа во кои загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои и новинари. Израелската војска изврши напад врз болницата Насер, а потоа повторно го гранатираше објектот, додека новинарски екипи и спасувачи се упатуваа кон местото на настанот.

„Свесни сме за извештаите дека е нанесена штета на цивили, вклучително и новинари. Би сакал да бидам јасен, Израелската одбрана ненамерно ги таргетира цивилите. Секој инцидент што предизвикува загриженост во овој поглед се решава од страна на релевантните механизми. Ние работиме во исклучително сложена реалност. Терористите на Хамас намерно ја користат цивилната инфраструктура, вклучително и болниците, како штитови“, изјави бриг. генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.

Во меѓувреме, ООН ги осудија последните напади и повикаа на брза и непристрасна истрага за убиствата на Палестинците во Газа.