Продолжува работната посета на Муцунски во Брисел, ќе се сретне со еврокомесарката Кос
Македонскиот министер уште еднаш ја потврдил цврстата посветеност на Македонија кон процесот на европска интеграција, како еден од стратешките приоритети во надворешната политика...

Шефот на дипломатијата Муцунски е во работна посета на Брисел. На средбата со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Јан Копман разменети се мислења за спроведувањето на реформската агенда, посветеноста на владата да испорачува видливи резултати од реформските процеси и за планот за раст.
Муцунски нагласи дека владата во изминатата година демонстрираше сериозна посветеност во исполнувањето на обврските од реформската агенда, постигнувајќи значителен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата и дигитализацијата, информираа од МНР.
Македонскиот министер уште еднаш ја потврдил цврстата посветеност на Македонија кон процесот на европска интеграција, како еден од стратешките приоритети во надворешната политика.
Муцунски ќе има средба и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
