Македонија

Во Собранието доделување на државната награда „Мајка Тереза“

26.08.2025 08:52

Наградата е за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката...

Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година.

Наградата е за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Годинава добитници се Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети.