ФЗОМ воведува новини во здравството од први септември

22.08.2014 16:40

ФЗОМ од први септември воведува неколку новини, проширување на листа на лекови кои се на товар на Фондот, измени во распоредот на работата на аптеките и промени во рефундирањето на лекови на рецепт од позитивната листа...

На 142 се искачи бројката на лековите кои на пациентот ќе може да му бидат препишани од дежурните лекари, за време на викендот или во вечерните часови кога ќе му се влоши здравствената состојба. Од први септември се проширува лепезата на генерики на лекови од 46 на 50. Се воведуваат антибиотици и антивиротици.

„Во овие 50 генерики имаме терапии за желудник, стомачни тегодиби, срцеви заболувања, вирусни инфекции и бактериски инфекции, реума, болка, покачена телесна температура, седативи, лекови за респираторни заболувања и лекови за алергија“, рече директорката на Фондот на здравествено осигурување Маја Паранарџиева Змејкова.

Има измени и за распоредот на работа на аптеките.

Од први семптември во 11 градови со повеќе од 50 илјади жители ќе има дежурни аптеки, во оние населени места со помал број на жители ќе функционираат аптеки на повик.

Третата новина од Фондот за здравствено осигурување се однесува на рефундирањето на лекови на рецепт од позитивната листа. Фондот ќе ги плаќа сите лекови набавени од странство кои ги нема во домашниот промет. Потребни се барање, фискална сметка и препораката за лекот од докторот – специјалист.

Лука Андреев