свет

Двајца полицијаци убиени, еден ранет на селски имот во Австралија

26.08.2025 10:50

Осомничениот вооружен маж е во бегство, а со него се сопругата и најмалку две деца, кои ги држи како заложници...

Двајца полицајци се убиени, а трет е ранет на имот околу 300 километри североисточно од Мелбурн. Осомничениот вооружен маж е во бегство, а со него се сопругата и најмалку две деца, кои ги држи како заложници.

Инцидентот се случил во утрово, кога полицајците дошле на имот за да извршат претрес поради забраната за поседување оружје. На граѓаните им е наредено да останат во своите домови и да ја избегнуваат областа. Според австралиските медиуми, осомничениот е самопрогласен суверен граѓанин.

Станува збор за движење чии следбеници го отфрлаат авторитетот на државата, законите и даноците и не ги признаваат полицијата и судовите како легитимни.