ПМФЛ: Победи за Пелистер и Башкими
26.08.2025 09:44
Пелистер славеше над Шкупи со 2-0. Во Куманово, Башкими пред домашната публика беше поуспешен од Тиквеш со 3-1...
Со натпреварите во Кавадарци и Куманово беше заокружено третото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Пелистер славеше над Шкупи со 2-0, благодарение на головите на Ристиќ во 59. и Булатовиќ во 85. минута, обезбедувајќи ја својата втора победа сезонава.
Во Куманово, Башкими пред домашната публика беше поуспешен од Тиквеш со 3-1. Двоен стрелец беше Алексовски (36’, 78’), а еднаш погоди Симоновски (47’). Почесниот гол за гостите го постигна Мишов во 56. минута.
По три одиграни кола, максимален учинок имаат Силекс и Струга со по 9 бодови, а на дното без освоен бод се Македонија ЃП и Шкупи.
