Летна крводарителска акција во Велес

22.08.2014 16:46

Два дена во Велес се дарува крв. Екипа на Институтот за трансфузиона медицина планира од градот да замине со околу 350 крвни единици. Општинската организација задоволна, велат, велешани уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

Mасовeн одзив на велешани на традиционалната летната крводарителска акција. Раката за дарување на драгоцената течност покрај искустни крводарители,  ја подадоа и многу млади.

На три четири месеци стално дарувам крв досега имама дарувано 50 пати.“

„Дарувам по шести пат поради хуманост и поради мое лично здравје“, велат анкетираните крводарители.

Само оној чиј живот зависел од оваа течност ја знае вистинската вредност на даруваната крв.

„Јас вторпат дарувам крв, имав прилика во животот кога требасе да примам крв и од тогаш решив да дарувам бидејки знам дека е стварно потребна“, рече Ленче Павлова, крводарител.

Подмладувањето на  велешкото крводарителското семејство продолжува. Организаторите од оваа аквијата очекуваат да соберат околу 350 крвни единици.

„Секоја година околу една десетина од крводарителите за прв пат даруваат крв, на пример ако околу 300 крвни единици собираме триесетина се нови млади перспекривни крводарители“, рече Ангел Јорданов, младински кординатот на ОО Црвен Крст Велес.

Македонија е една од ретките земји во која течноста што значи живот се обезбедува по пат на доброволно дарување.

„Овие крводарителски акции во летниот период се добредојдени поради тоа што потребата од крвни единици во летниот период е зголемена“, рече др. Ефтим Димитриовски од Институтот за трансфузиона медицина.

Вкупниот број на крводарители Македонија ја прави една од водечките земји во регионот.

Според статистиката пет проценти од полнолетните жители на Велес се крводарители. Овој податок покажува дека велешани се едни од најхуманите луѓе во Македонија.

Годинешната 21 летна крводарителска акција во Велес е под мотото „Дарувај крв-спаси живот“. Собраните крвни единици се наменети  за потребите на Скопските клиники.

Дијана Иванова