Македонија

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

26.08.2025 09:55

Родена е како Гонџа Агнеза, во Скопје. Папата ја канонизира Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, со што е прогласена за светица...

Денеска се навршуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на 20-тиот век. Особено се почитува нејзината идеја за основање на католичката заедница „Мисионерки на љубовта“ во Калкута со над пет илјади сестри вклучени во речиси 600 мисии за помош, со училишта, народни кујни, прифатилишта и болници за сиромашни, гладни и оставени во 133 држави во светот.

Родена е како Гонџа Агнеза, во Скопје. Папата ја канонизира Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, со што е прогласена за светица.

Годинашни добитници на државната награда за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и поттикнување се Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доктор Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија.