ВРЕДИ: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
Од партијата нагласуваат дека ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема која требаше да остане во државна сопственост. Тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства.

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.
Од партијата нагласуваат дека ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема која требаше да остане во државна сопственост. Тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства.
Сѐ ова потсетува на времето кога Бујар Османи беше Министер за здравство и кога исто така доби негативен извештај од Државниот завод за ревизија – со забелешки за незаконски постапки и сомнителни исплати. И тогаш, наместо одговорност, судството го амнестираше. Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик, велат од ВРЕДИ.
Јавно потсетуваат дека Јавното обвинителството има законска обврска да отвори случај по негативен извештај на Државниот завод за ревизија. Ако тоа не се направи, ќе биде втор пат како институциите свесно го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби.
