Енергетика

Истекува рокот за поднесување барања за субвенции за струја за ранливи категории

26.08.2025 11:07

Со програмата се обезбедува поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија...

На 31-ви август истекува рокот за поднесување барања за субвенции за струја за ранливи категории – информираат од Министерството за енергетика.

Со програмата се обезбедува поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија. Право на аплицирање имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, домаќинства со потполно слепо лице и домаќинства со потполно глуво лице.

Документацијата може да се достави лично во Министерството за енергетика, или по пошта, за граѓаните од внатрешноста.