Македонија

МВР: Возач од Кавадарци фатен со 2,01 промили алкохол, лишен од слобода

26.08.2025 14:01

По извршени проверки, било утврдено дека возачот имал 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

Вчера вечер, на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полицијата од ОВР Кавадарци лиши од слобода Н.В. (64) од Кавадарци.

При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.В. По извршени проверки, било утврдено дека возачот имал 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

Лицето било задржано во полициска станица, а јавен обвинител бил известен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштуваат од МВР.