Деканот на Градежен факултет, Горан Марковски влегува во трката за градоначалник на Скопје
Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, официјално ќе ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје утре пред Камениот мост …

Деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Горан Марковски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори, како дел од граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Проф. д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, истакнуваат од „Независни заедно“.
Марковски утре на прес-конференција пред Камениот мост, официјално ќе ја објави својата кандидатура.
Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана и од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.
До сега кандидатите за градоначалник на Скопје ги објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на СДСМ поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, а на Левица, пратеникот Амар Мециновиќ.
