МВР

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба и овластување

26.08.2025 19:09

Со оваа постапка, пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. противправна имотна корист од 505.561 денари од плата, а на Општина Делчево ѝ нанел штета од 762.318 денари...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопштуваат од МВР.

Според пријавата, Г.Т. како овластено службено лице и градоначалник на Општина Делчево, на 01.08.2018 донел незаконска одлука за вработување на административен службеник по јавен оглас од 25.06.2018. Избраниот кандидат, В.М. од Делчево, во моментот на вработувањето веќе имал право на пензиско и инвалидско осигурување, со што според законот неговиот работен однос требало да престане, наместо да биде основа за ново вработување.

Со оваа постапка, пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. противправна имотна корист од 505.561 денари од плата, а на Општина Делчево ѝ нанел штета од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.