Македонија
За огрев – прво клима, па дрва
26.08.2025 18:03
На што ќе се грееме? Огревно дрво, клима, пелети. Граѓаните сè почесто бараат алтернативни решенија иако цените на дрвото не варираат многу. Бараат економичност и исплатливост.

Се намалува побарувачката на огревно дрво иако цените не варираат многу. Последниве години дури 30 проценти од домаќинствата побарале други енергенси кои ќе ги греат в зима. Причините се бараат во иселувањето, климатските промени и еколошките фактори.
Ветеното огревно дрво граѓаните ќе го добијат навреме. Граѓаните бараат економичност во загревањето на животниот простор. Во втор план е разликата во цени.
И со намалена потрошувачка на огревното дрво, дрвокрадството останува голем проблем.
Елизабета Митреска
