Инцидентот на младинскиот натпревар Брегалница-Шкупи го вклучи алармот
Дали амбициозноста на родителите доведува до правилен психолошки развој на децата? Колку спортот може да не научи на поголемо трпение? Успехот и неуспехот се дел од созревањето на младината. Инцидентот којшто се случи помеѓу младинците и родителите на фудбалскиот натпревар Брегалница-Шкупи, треба да биде една лекција за сите…

„Напред Меси!“-често слушате како од публика довикува некој, ама тоа не е името на неговото дете. Родителите се со големи очекувања, а добиваат други резултати, тоа е еден од мотивите за нервозата. Неправедниот судија според нив, ќе ги изнервира дополнително. Па фудбалот, првиот најскапо платен спорт, за жал ова стана причина за насилство.
Кога родителите ќе станат насилници на теренот, наместо развивање на свест за прифаќање на поразот како и победата, кај младите се всадува несоодветно канализирање на гневот и лош пример за спортско однесување, сметаат експертите од областа. Последниот случај во Штип покажа како никогаш не треба да постапува еден родител.
Од ФФМ посочуваат дека спортската инфраструктура не е најдобра и објективно е проблем, но сепак најважна е едукацијата на спортистите, и од ФФМ и од клубовите.
Долгогодишниот спортски новинар Костовски, вели, не е изненаден од тоа што се случи, бидејќи тоа е рефлексија на сè во општеството.
Ова не се случува првпат, но поради несоодветно санкционирање дојде до насилство кое е недозволиво, сметаат нашите соговорници. Добро е што се санкционира, но за секој следен натпревар би требало да се направи претходна проценка за безбедноста.
Фиљана Кока
