локални избори

„Се крчка“ списокот на ДИК за претстојните локални избори во Битола

26.08.2025 16:23

Собирање на потписи за независните листи на локалните избори е во полн ек, но во Државната изборна комисија сè уште нема официјално доставено кандидатури за градоначалници и советници на независните...

Кој ќе ја зеде в раце раководната власт во градот Битола? Се „крчка“ списокот на подрачната единица на ДИК со независни кандидати за градоначалници на градот како и предлог советнички листи? Од ДИК за МТВ велат дека процесот за претстојните локални избори е во тек.

Засега единствената независна кандидатка за „нов татко“ на градот е Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“. Вели дека отсекогаш ја имала поддршката од граѓаните.

Согласно одлуката на ДИК, на независните кандидати потребни им се само два потписа од избирачи за учество на локалните избори.

Независните кандидати за градоначалници како и советничките листи до ДИК може да се поднесуваат се до 14-ти септември.

Ружица Ѓоршевска