Клима-уред или субвенција за струја за ранливите категории на граѓани
Загревањето на домот со парно или инвертер клими е најекономично но и најеколошко во зимскиот период на високи концентрации ЦО2. Во државната каса има 170 милиони денари, пари со кои ќе бидат субвенционирани семејствата од ранливите категории за набавка и поставување на клима-уред. Огласот е во тек...

Околу 170 милиони денари од државната каса пред стартот на оваа грејна сезона ќе се слеат на сметки на домаќинствата од ранливите категории кои бараат државна помош за набавката на инвертер клими.
Досега на јавниот оглас кој трае до петти октомври стигнале над 1.220 апликации за субвенции за 120 милиони денари имаат право да се пријават лица со ниски примања, но не и приматели на гарантирана минимална помош и социјални пензии. 50 милиони од вкупната сума е наменета за пензионери со минимален месечен приход. Станува збор за клима уреди од класата а+ со инсталирана моќност од 3,5 киловати кои во време на високи ниво на загадување во зимскиот период немаат влијание врз животната средина.
Во економичните опции за греење, сепак повозрасните не се откажуваат од парното.
Огласот за финансиска поддршка од 1.000 денари за електрична енергија важи до крајот на месецов.
За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, целосни слепи и целосно глуви лица.
Александра Спировска
