Се преземаат напори за намалување на инфлацијата
Претстојниот изборен циклус нема да има големо влијание врз економските текови во државава – велат познавачите. Сепак, пред секои избори бизнисот е претпазлив, граѓаните велат трошат колку што им е длабок џебот. Народната банка уверува се преземаат напори за намалување на инфлацијата под три проценти годинава...

Ако во претходните изборни циклуси домашната економија стагнираше, а луѓето во неизвесност очекуваа дали ќе се случат промени, сега состојбата е прилично јасна, смета економскиот аналитичар Синиша Пекевски. Тој не очекува локалните избори да ги одвратат граѓаните од трошење, ниту малите бизниси да останат без приходи. Неопходни ќе бидат вложувања кои носат додадена вредност – велат познавачите.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 насто, додека цените на мало бележат раст од 5,3 проценти.
Сепак Централната банка очекува до крајот на годинава трошењата од државната каса да се во рамки на проектираното, и буџетскиот дефицит, да не притискаат политики за раст на платите.
Наместо во октомври, поевтините плаќања во Единствената област за плаќање во евра, ќе стартуваат од декември, во фаза на подготовка и адаптација се активностите за СЕПА системот.
Анита Димитријевска – Велковска
